Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во првите четири месеци од годината изнесува 1,30 милијарди долари и е за 4,2% поголем споредено со истиот период лани, додека увозот изнесува 2,09 милијарди долари и бележи пад од 1,4%, соопшти Државниот завод за статистика. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 62,5%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2013 година, изнесува 786 милиони долари. Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик, облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во првите четири месеци од годината изнесува 1,30 милијарди долари и е за 4,2% поголем споредено со истиот период лани, додека увозот изнесува 2,09 милијарди долари и бележи пад од 1,4%, соопшти Државниот завод за статистика.
Покриеноста на увозот со извоз изнесува 62,5%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2013 година, изнесува 786 милиони долари.
Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик, облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија. Во периодот јануари-април 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (71%) и земјите од Западен Балкан (19,5%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (57,2%).